Во склоп на проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ кој го реализраше Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, во соработка со Општина Могила и партнерите од Албанија Општина Малиќ и ДМО – Корча во Општина Могила беше поставена Хидролошка станица.
Овие станици всушност се дел од системите за заштита на земјоделските површини и живеалиштата. Станиците всушност ги собираат информациите за температура, длабочината, и брзината на Црна Река и други информации. Станицата е наместена на влезот на Црна Река во Општина Могила со цел рано предупредување за поплави и временски промени.
Покрај хидролошките станици подготвена е дигитална платформа која ги добива информациите од оваа станици и ги прави достапни за жителите на Општина Могила и сите други кои се интересираат, а податоците од оваа станица ги добива и Републичкиот Хидро метеоролошки завод и истите ќе ги користи.
Местењето на хидролошката станица беше дел од проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, ДМО, Општина Могила и Општина Малиќ, а е финансиран од IPA 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.