Голем дел од граѓаните кои зависат од помошта на државата припаѓаат во друг свет од кои не можат да излезат или па не знаат како. Социјалната исклученост е поширок поим од поимот сиромаштија бидејќи со самиот поим се посочува повеќедимензионална природа на феноменот на невработеноста и неговите материјални, но и социјално – психолошки и општествени последици, што главно се сведува на недостатоци на материјални добра и пари.
Невработените лица се мета на скратени можности во секој дел од општествениот живот бидејќи не само што немаат приходи туку им се скратува и мрежата на социјално односи и релации, им се скратуваат реалните можности кои постојат а со тоа и шансите да се интегрираат во општеството. Невработените лица со нерешениот социјален и правен статус (посебно оние лица кои не се евидентирани во книгите на родени, без документации, лични карти, пасоши, уверенија, дипломи и сл), потоа оние кои што не се писмени или со незавршено образование, стечајците, технолошките вишоци и сл. долгогодишно директно се погодени од социјалната исклученост. Ваквата нивна исклученост може да се спореди со еден вид дискриминација затоа што на тие лица им е скратена можноста за да ги остварат основните човекови и демократски права во кое спаѓа и правото на вработување и користење на поволностите кои секој човек треба да ги ужива. Од ваквите причини се формира т.н маѓепсан круг на сиромаштија-невработеност-исклученост-обесправеност со што се доведува во прашање граѓанскиот статус, човековите права, солидарноста, хуманизмот и слично.
Социјално исклучените, невработените, а едуцирани лица се соочуваат и со друг вид проблеми. Тие ги губат знаењата кои брзо застаруваат, ги губат професионалните вештини и работните способности и не можат да опстанат ако не е социјалната помош и поддршка од државата која единствено може да им обезбеди некаква „социјална сигурност“. Живеењето под прагот на сиромаштијата кое се јавува кај одреден број граѓани ја отсликува неможноста да ги подмируваат основните животни потреби, ниту пак да ги покриваат трошоците за нормално живеење (електрична енергија, вода итн.). Се јавува и енергетска сиромаштија која е неможност на домаќинството да ги обезбеди потребите за енергија со цел да обезбеди пристоен живот и еднакви шанси во дадено општество и простор.
Поради ваквите проблеми кои произлегуваат од социјалната исклученост и невработеноста се јавува една традиција која што се пренесува од колено на колено и тешко се искоренува од менталниот склоп на ваквите групи. Ризикот за загуба на социјалната гарантирана минимална помош (ГМП) доколку ваквите лица се вработатод една страна и чувството на сигурност од примање на ГМП од друга страна доаѓа до еден константна бесконечна јамка на неодлучност. Доколку ваквите лица се вработат никој не им гарантира дека ќе останат на работа, согледувајќи го фактот дека тие спаѓаат во ранливите категории на работници кои потешко се вклучуваат во работна околина бидејќи долгогодишно се невработени, недоволно едуцирани и немаат работно искуство.
Граѓаните имаат изгубено доверба во институциите и обратно.
Според ова треба да се превземат одредени мерки од повисоко ниво за да се опфатат сите факти и околности со кои се соочуваат ваквите групи на луѓе.
Потребно е да се подигне свеста со одредени современи практики кои би биле соодветни за полесна интеграција на овие ранливи категории во општеството како иза излез од социјална поддршка, да се креираат посебни програми и планови за секој поединец и семејство и целосно да се следи нивниот понатамошен прогрес во сферата на вработувањето и домувањето, бидејќи само така ќе се оформи јасна слика за нивните потреби како и за проблемите со кои се соочуваат. Преку индивидуалните програми и планови на секое семејство и индивидуа ќе може да им се понуди одредена програма соодветна на нивниот профил со кои како приматели на ГМП би биле задолжени да ја изучат или применат. Да им се овозможат одредени практични вештини со кои би се охрабриле да излезат од сигурната зона на комфорт, да почнат да се интегрираат на пазарот на труд и да им се обезбеди одредена сигурност за тие да останат на своите работни позиции. Вакво позитивно сценарио би било возможно доколку се воспостави синхронизирана соработка помеѓу самите институциите како и со соработки собизнис секторот.Она што е важно кај ваквите ранливи категории е да се испочитува чувството на припадност во општеството без дискриминации за нивниот статус, не само од институциите и бизнис секторот туку и од нивните сограѓани.Дисторзиите и јазлите кои се јавуваат помеѓу граѓаните и институциитеи враќањето на довербатапомеѓу нив би биле надминати доколку се воспостави соработка помеѓу нив за доброто на сите граѓани и взаемното живеење.