Трифунов бара трампа: Безвизно патување на Бугарите во ЕУ и САД за Македонија да добие почеток на преговори

Facebook
Twitter
Email
Print

Слави Трифонов, лидерот на бугарското движење „Има таков народ“ од каде што доаѓа новата министерка за надворешни работи на Бугарија, предложи Бугарија да и овозможи почеток на преговорите на Северна Македонија, но за возврат Бугарија да биде примена во Шенген зоната и да добие везвизен режим за патувања во САД.

„Бидејќи Американците толку многу сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ, на граѓаните на Бугарија како на граѓаните на повеќето држави во Европската Унија да не им требаат визи за Америка. Ние сме полноправна членка на ЕУ.

Второ, повторно бидејќи сме полноправна членка на ЕУ, Бугарија веднаш треба да стане дел од Шенген зоната. Аман од чекање, иако сме Европејци, помалку сме Европејци од вистинските Европејци. Така што, без визи во Амрика и дел од Шенген, веднаш. Бидејќи Сад и ЕУ бараат од нас да бидеме лојални партнери, добро, ама лојалноста е двострана. Ние ќе бидеме лојални кон нив, но и тие нека бидат кон нас. Така е чесно и редно.

Дури откако ќе се исполни тоа и откако Македонците – извинете северномакедонците ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство и добрососедство, може да го започнеме преговарачкиот процес за влез на Северна Македонија во ЕУ“,вели Трифунов.

Според Трифонов темата за Северна Македонија е важна за сите Бугари бидејќи била дел од навната национална историја и бидејќи над 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето на таа земја. Исто така додава дека над 100 илјади Македонци имаат бугарски пасош, за кој што доброволно ги докажувале бугарските корени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи