Маја Стеваноска од Прилеп и нејзиниот 12 годишен син боледуваат од епилепсија. Синот има и церебрална парализа и не гледа од десното око. Стеваноска вели дека додека можела сама се грижела за него, но пред 3 години се направила операција од тумор на главата, а од пред 2 години нападите и зачестиле, а во последно време ги добивала дури и по 3 пати на ден. Мора некој постојано да биде со нив за да ги чува. Бидејќи не оди на работа нема пари за да ги изврши потребните прегледи.
„ Јас немам средства да го однесам него, ниту пак јас да појдам да се испитаме, а камоли за некои други посложени испитувања или некои други прегледи кои мора да ги правиме на 3 до 6 месеци. Ние немаме такви финансиски средства.
Дали ги правите тие контроли и кога последен пат сте биле на контрола?
Не, пред 2 години, од тогаш немаме направено испитувања бидејќи не сме во можност финансиски“, вели Маја Стеваноска.
Лекарката која му го води целиот случај неколку години од државна се префрлила да работи во приватна клиника каде сега основен преглед чини околу 30.000 денари. За двајцата се потребни околу 1.000 само за преглед.
„ Основен преглед за детево, само главата за снимање, крвта за испитување, за ЕЕГ кошта 28.000 денари во приватна, башка за очите. Тоа не можеме да го постигнеме.
За вас?
За мене исто, над 20.000 денари“, додаде Стеваноска.
Во моментов приходите кои ги имаат, платата од сопругот и делот од плата што го зема Стеваноска бидејќи е на боледување не се им доволни за основните потреби, а не пак за лекување.
„Лекарствата не чинат околу 10.000 денари во месецот, за мене и за мојот син. Затоа, ако сакаат луѓето, ако се добри и хумани да помогнат“, кажа Стеваноска.
Секој оној кој сака да ја контактира Стеваноска тоа може да го направи на – 078-204-183 или да донира средства на оваа жиро сметка 300027087653847 Комерцијална Банка.