70 новозаразени од ковид-19 во Прилеп


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на ковид-19, и тоа од:

Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци по 38, Охрид и Штип по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево по 8, Кичево и Богданци по 7, Делчево и Крива Паланка по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе по 3 и по двајца заразени од Дебар, Кратово и Пехчево.

Во текот на изминатото денонoќие пријавени се 2 починати лица – по едно од Скопје (75) и од Кавадарци (61). Пријавените се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 2 смртни случаја во периодот од 28 декември до 2 јануари. Починати се едно лице од Тетово (84) и едно од Делчево (74), во домашни услови.

Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 217 оздравени пациенти, и тоа од:

Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево по 2 и по еден оздравен од Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и од Богданци.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи