Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон, писател, поет, сценарист, активист на социјалните мрежи, овој пат директно од Битола му дојде на гости на Пејо и на Инфо Компас во Прилеп.
Во ова интервју ќе слушнете што мислат Пејо и Моџо за актуелната состојба во Македонија, за политичките партии, за косата на Бујар Османи и Антонио Милошоски, море си кажаа поштено се за сите политичарите од еден до последен. Ќе разберете зошто еден ден ќе зажалиме што не ја избравме Интегра која гледа во иднината 100 години напред, ќе слушнете за тоа каде го барале на работа сега Зоран Заев и кога и дали би се вратил Груевски од Будимпешта.
А ќе се открие и вистината за магичниот број 11 како и за тоа зошто на никој му нема текнато досега за гилотина освен на Левица.
Си поумабетија за тоа околу – недела неработен ден, покачувањето на струјата, копањето биткоини и стазата за Формула 1.
Ќе слушнете збор–два и за поезијата на Моџо, а Пејо дури и ќе прочита дел од неа.
За повеќе погледнете го ова навистина интересно интервју.