ГККШ ѝ препорача на Владата да го продолжи распустот и учебната година да започне на 1 февруари


Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски на денешната седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата освен претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски присуствуваше и претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со ковид-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба, најавуваат од Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи