Ставре Јада и Ана Цветановска наши кандидати во нордиско скијање на Олимпијадата во Пекинг


Денеска 17.01.2022 година и официјално завршии олимпискиот циклус со што се знаат кандидатите за претстојната зимска олимпијада во Пекиг 2022. Од Македонија кандидати во нордиско скијање ќе бидат Ставре Јада и Ана Цветановска, заедно со нивниот тренер Борче Јованоски

„На Олимпијада ќе настапиме на следниве трки и дисциплиниАна Цветановска: скијатлон 7.5 км. класичен стил и 7.5км слободен стил односно 15 км. и 10 км .во класичен стил. Јас ќе настапам на спринт 1.5 км. и потоа на најтешката дисциплина 50 км. каде одам со една цел да завршам и да не заостанам повеќе од 30 мин., а со тоа да станам првиот Македонец што завршил 50 км. со заостаток од по 1 час. Сега сме во Италија каде се враќаме во Македонија непосредно пред тргање за Пекинг“, вели нашиот репрезентативец Ставре Јада за кого ова ќе биде второ учество на Олимпијада, а за Цветаноска тоа ќе биде прво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи