Железничкиот сообраќај во прекин, бојкот на машиновозачите

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје веќе втор ден е во бојкот поради неисплатен втор дел од декемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Уште во ноември лани, машиновозачите предупредија дека возовите нема да сообраќаат, доколку најдоцна до 25-ти во месецот не им биде во целост исплатена платата од претходниот месец.

Синдикатите на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ-Транспорт ја донесоа ваквата одлука на 2 ноември минатата година, а штрајк на железничарите поради неисплатена плата имаше во ноември, но и во август лани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи