Санкционирани 42 возила што вршат јавен превоз, 22 со неисправни сопирачки

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27 јануари) од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн.

Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи