ВИДЕО – Ковачевски: Избори ќе има дури во 2024, за промена на Изборниот законик ќе се разговара со сите партии


ВМРО-ДПМНЕ е несериозна партија, тоа јас повеќе пати го кажувам, постојано да се зборува за предвремени избори во време на пандемија, во време на најголема европска енергетска криза и во време на се уште присутна економска криза. Истакна денеска во Прилеп премиерот Димитар Ковачевски.

„Несериозно е постојано да се повторува да се доии на избории, кога парламентарни избори имавме пред само една година ии на тиие избори се дефинираше комплетно легитимно парламентаррно мнозинство кое што сега е прошиирено со партијата Алтернатива и брои 64 пратеници во Собранието. Од тие причини ние како СДСМ и коалициониите партнери се зафативме со решавање на овиие предиизвииции кои се јано нотирании во програмата на Владата, претставена во месец јануари и која беше изгласана во Собранието“, рече Ковачевски.

Што се однесува до бaрањата за промена на Уставот и бројот на пратеници Ковачевски кажа дека за вакви теми требало да се седне и да се разговара со сите политички партии, а во однос на барањата за Уставни промени рече дека тоа било процес кој траел подолг период и за кој било потребно да се отвори постапка, која потоа поминувала низ различни филтри на државата и нормално низ конститутивен процес.

„Значи изброи ќе има во 2024 година, а Изборниот законик се носи секогаш се консензус, веќе знаете дека ВМРО-ДПМНЕ излезе со еден предлог за тоа како треба да изгледа една изборна единица, меѓутоа нивниот коалиционен  партнер Алијанса имаше друг став по тоа прашање. Затоа дефинирањето ан моделот на избори треба да се работи прво низ работни групи кои ќе го дефиниираат моделот, а при тоа да бидат вклучени и стручната и експертската јавност за да може да се видат сите предвидувања како ќе изгледа тој изборен процес врз основа на еден нов претпоставен модел. Инаку СДСМ е партија која што прва го поддржа предлгогот на малите помалите политички партии за една изборна едниница, тоа е наша програмска определба и тоа не може да биде предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Тие во моментов се само гласни по тоа прашање, затоа што се не се занимавата со ништо освен со барање за предвремени избори додека ние работиме прво на прашањата со пандемијата, второ на прашањата за енергетската криза, второ на прашњата со топлинската криза во Скопје и четврто со економските предизвици“, додаде Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи