Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Веќе десет дена има благо зголемување на бројот на хоспитализирани, а тоа значи дека сме во тек со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани, изјави денес Министерот за здравство Беким Сали.
Сали истакна и дека не се планира на намалување на веќе постоечките мерки, односно укинување на ковид сертификатите.
„Според епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивните мерки“, рече министерот.