ВИДЕО – Николовски: Оваа Влада досега постигнала најмногу за тутунарите – неизвесно дали Сојузот ќе добие поголеми права со новиот закон


Досега се откупени околу 16.500 тони тутун од 22.000, за колку што има склучено договори со просечна отклупна цена од 197 денари. Министерот за земјодeлство, Љупчо Николовски денеска во Прилеп оствари средба тутунарите, но на која не беа повикани да учествуваат сите здруженија. Николоски истакна дека оваа Влада постигнала досега најмногу за тутунопроизводителите, но не даде конкретен одговор дали со измените на законот за тутун ќе му се дадат поголеми права на Сојузот на земјоделски здруженија, како меродавен претставник на тутунарите да има поголеми права при договарањето и утврдувањето на цената на жолтото злато, што е суштинско значење во иднина да нема незадоволства.

„Овој потсектор во земјоделството особено знае дека ние сме Влада која сме ги завршиле или реализирале сите нивни барања и ветувања со промена на моделот на субвенционирање, со промена на законскии решенија и секогаш кога било потребно и со 5 милиони повеќе пари минатата година за време на ковид. Тоа покажува дека сме постојано на терен дека ги слушаме тутунопроизводителите“, истакна Љупчо Николоски, министер за земјоделство.

Новоформираните тутунарски здруженија преку соопштение го запрашаа зошто не се сретнал и со нив и го обвинија дека не сака реално да ги слушне нивните проблемите. Истакнаа дека тутунот го работеле со загуба, а просечната цена од 195 денари била прениска затоа што само производната цена оваа реколта чинела 217 денари. Обвинувања кон Николовски упатија и од ВМРО-ДПМНЕ.

„За потсетување – Љупчо Николовски ги излажа земјоделците во 2016 година. Тогаш, ниту обезбеди загарантиран откуп, ниту отвори како што ветуваше нови пазари на земјоделските производи, ниту успешно се справи со дизбалансот на цените на пазарот“, рече Зоран Јанкулоски, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Инаку според тутунарите ако се продолжи со оваа динамика на откуп, тутунот ќе биде откупен до средината на февруари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи