Вечерва членовите на ЛК СДММ Прилеп направија герила акција пред Општина Прилеп со критика за работењето на градоначалникот Борче Јовчески.
„Во првите 100 дена нема реконструкција на плоштади, нема нови зелени површини, нема реконструкција на постојните паркови. ЛК СДММ Прилеп денес го потсети градоначалнкот на дадените и неостварени ветувања.
Ако денот по утрото се познава, го имаме најлошиот градоначалник на Прилеп. Ниту еден реализиран проект од најавените за првите 100 дена.
P.S Ви кладовме по едно кафе да се напиете“, велат од ЛК СДММ Прилеп.