Мицкоски: Бугарија сака прифатиме дека сме биле ист народ до 1945, заедничко славење на Делчев само ако признаат дека бил Македонец


Бугарија сака да нè натера да прифатиме дека сме биле ист народ односно Бугари до 1945 година, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Тој смета дека бугарското четири плус еден е само парада, а суштината е сосема друга.

„Суштината е да се обидат да ја злоупотребат позицијата што се членка на ЕУ, да нè натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство до 1945 имаме заедничка историја и сме биле еден народ, Бугари. Тоа никогаш нема да го прифатиме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ денеска во рамките на македонското Собрание ќе поднесе и декларација со која, како што рече, сакаат да добијат поддршка од сите политички партии, и парламентарни и вонпарламентарни, за зацврстување на темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

„Очекувам сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот да ја поддржат декларацијата“, рече Мицкоски кој не сакаше да даде повеќе детали за содржината на декларацијата и најави посебна прес-конференција на оваа тема во Собранието. 

Инаку денеска по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје делегации на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на споменикот во чест на Гоце Делчев.

На гробот на Гоце Делчев се поклони делегација на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи