Најдобриот македонски крос-кантри скијач, Ставре Јада, утре во 9.50 часот ќе го има својот прв настап на ЗОИ во ПЕКИНГ


Најдобриот македонски скијач-крос кантри, Ставре Јада, утре го има својот прв настап на ЗОИ ПЕКИНГ 2022 и тоа во дисциплината спринт слободно на 1,5 км. Трката започнува во 16:50 часот по кинеско време (09:50 часот по македонско време).

„На овие ЗОИ во Пекинг ќе настапам во две дисциплини. Инаку ова се мои втори ЗОИ, се надевам дека сега ќе имам подобар резултат од минатата Олимпијада во Пјонгчанг. Мислам дека сум подготвен, самите подготовки минаа во најдобар ред. Посебна благодарност од МОК кој ми помогна со 54.000 евра за подготовките во изминатите три години“, изјави Јада.

Ставре Јада ќе го видиме и на квалификациите за спринт слободно на 50 км.

Другиот наш нордиец, Ана Цветановска, првиот настап ќе го има на десетти овој месец на 10 километри-класично, трката е закажана со почеток во 08:00 часот по македонско време.

Дардан Дехари кој е нашиот единствен натпреварувач во алпско скијање ќе настапи во велеслалом и слалом на 13 и 16 февруари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи