Од 1 март минималната плата ќе изнесува 18.000 денари


Премиерот Димитар Ковачевски по средбата на Економско социјалниот совет во Владата информираше дека е постигнат договор со ССМ и со Организацијата на работодавачи да се зголеми износот на минимална плата од 18 илјади денари, со што како што рече, 80 илјади граѓани ќе се издигнат на прагот над сиромаштијата.

„80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните. Владата имаше и слух за потребите и правата и на работниците и на работодавачите. И преку широкиот социјално економски дојалог на кој иинсистиравме како принцип на работа успеавме да постигнеме договор на задоволство на сите засегнати страни. Со Договорот работодавачиите ќе го покријат целолокупното нето зголемување на платите за своите вработени се на минимална плата. Државата пак ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15.200 денари до онаа која ќе се исплаќа за месец март од 18.000 денари. Стануба збор за удел од државата од околу 16 милиони евра до крајот на годината. Ветивме и реализиравме мерки кои го помагаат животниот стандард на граѓаните“, истакна премиерот Ковачевски.

Според Ковачевски се постигнала и согласност за промена на критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Третиот критериум, додаде Ковачевски е новина и значи дека минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати. Димовски рече дека денес сите се победници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи