ВИДЕО – Прилепската болница има мазут само за уште еден ден – добавувачот доцни со испораката


Прилепската општа болница „Борка Талески“ има мазут само за уште еден ден. Оваа информација телефонски ни ја потврди директорката Кети Смилеска која истакна дека Установата се наоѓаа во оваа состојба поради тоа што доцни испораката на мазут од добавувачот кој го добил тендерот. Очекуваат да добијат мазут во секој момент во наредните денови, но нема одговор која е причината за доцнењето на испораката, а не се знае ниту колкава количина ќе биде испорачана деновиве и за колкав временски период со таа количина би се покриле потребите на болницата.

За да се регулира температурата во просториите, освен парното греење, деновиве биле дополнителнио пуштени и други електричнии уреди како греалки и клими. Во моментов заедно со инфективното одделение, каде се хоспитализирани пациентите со ковид, вкупно лежечки пациенти во сите одделенија имало околу 60-тина, кои според болницата сите се наоѓале во топли простории.

И од ВМРО-ДПМНЕ денеска запрашаа дали раководните лица планираат да преземат нешто во врска со немањето на маузт и како се случила оваа ситуација.

„Минатиов период се изнагледавме парадирања на Димитар Ковачевски и на министерот за земјоделие Љупчо Николовски низ Прилеп, во обид да го спасат она што остана од нискиот рејтинг на СДСМ, кој најдобро се виде на локалните избори и нивниот пораз со 7500 гласа разлика. Истите можеа да појдат и до болницата, да видат во какви услови се работи и дали истата е снабдена со мазут“, рече членот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Александра Свајќароска.

Од Министерството за здравство истакнаа дека според информациите кои ги добиле од прилепската болница испораката на мазутот ќе продолжела непречено уште од утре. Велат дека ваков проблем со недостиг на нафта или мазут засега не бил пријавен од ниту една друга болница или здравствена установа во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи