Утрово температурата -3 во Прилеп, времето денес сончево и потопло

Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот  се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4),  Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и  Демир Капија (-3),  Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1).

Нула степени се измерени во Виница и на Попова Шапка, 2 во Гевгелија и 4 степени во Дојран.

Највисока снежна покривка, 37 сантиметри, утрово е измерена во Маврови Анови, на Попова Шапка 25 сантиметри, 20 см во  Крушево, 4 во Ѓуриште, 6 во Битола и 2 сантиметра снег во Берово.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи