Администрацијата ќе штрајкува ако до 15 март не се усогласат платите

Facebook
Twitter
Email
Print

Најавен генерален штрајк на цела администрација доколку до 15 март со зголемениот минималец не се зголемат и останатите плати.

Изедначувањето на платите кое ќе се случи со зголемиот минималец ќе создаде хаос во институциите велат од СОНК.

„Државата како најголем работодавач на работниците треба да има исти аршини кон сите во јавниот сектор. Веројатно ќе дојде до генерален штрајк во целата администрација каде јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи но ако одат работите многу споро и несериозно тоа ќе дојде“, рече Јаким Неделков- Претседател на СОНК.

Според синдикатот, во јавниот сектор не се почитуваат законите и колективните договори поради што вработени земаат основна плата под минималната, а не се зема ниту соодветна плата според коефициентот на сложеност.

„Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос“, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски

Премиерот Ковачевски денеска го повтори ставот дека минималната плата важи за сите работници во земјата без разлика дали се во приватен или јавен сектор. Скалестото зголемување на платите е согласно потпишаните колективни договори и тие мора да се почитуваат согласно член осум од Законот за минимална плата.

Но од владата до сега не беа прецизни зошто и до сега не се почитувале законите и не се покачувале другите плати со порастот на минималната.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи