ВИДЕО – Прилеп има недостиг од над 300 места во градинките, а доцни изградбата на новата градинка, недостасува и персонал


Прилеп има недостиг од околу 300 места во градинките за да се задоволи потребата на сите заинтересирани. Во моментов во 6 објекти во Прилеп запишании се 1.160 деца, а дневно градинките ги посетувале околу 900. 300 деца се на листа на чекање. Спасот се гледа во новата градинка во населбата Точила која требаше да биде готова уште лани во декември, но за жал тоа не се оствари.

Од изведувачот Стентон градба велат дека од 7 месеци, започнувајќи од месец мај, 3 месеци биле оневозможени да работат поради непогодните временски услови и изборниот процес. Сега добиле од Општина Прилеп продолжување на рокот од 1 февруари и треба да бидат готови до средината или крајот на месец април. Од Општина Прилеп пак од нејасни причини не сакаат воопшто да дадат никаква информација зошто се доцни со градбата, за колку е продолжен рокот на градба и кога истата ќе биде завршена. Само велат дека не е потпишан анекс на стариот договор.

„Тоа што може да го добие некое дете како бенефот во својот развој во детската градинка на ниту едно друго место не може да се надополни, но знаете дека како држава долго време се соочуваме со недостаток на места во градинките, не само во Прилеп, туку и во други општини. Се надевам дека со изградата на градинката во населбата Точила горе-долу ќе се реши овој проблем“, вели Христина Трпческа, в.д. директор на градинки „Наша Иднина“ – Прилеп.

Освен со недостиг на места за деца градинките во Прилеп се соочуваат и со недостиг на персонал. Моментално во градинките биле вработени 154 мина, а преку општината со договори месец за месец биле ангажирани уште 12 лица.

„Имаме побарано од Министерството за труд и социјална политика, да ни обезбедии финансирање за празните работни места. Во овој момент во пресрет ни излзезе општината со тоа што ангажираше неколку лица. Најмногу ни недостасуваат воспитувачи и негуватели и мал дел технички персонал“, додаде Трпческа.

Инаку состојбата со Ковид во прилепските градинки е стабилна од 1.160 запишани деца, само една група од 14 деца се во изолација бидејќи позитивна била негувателката и две лица од техничкиот персонал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи