Во Прилеп одбележан празникот „Св. Три Светители“ – Денот на бакалите, и годинава домаќин Кирил Јандреовски


Со Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Г. Петар, во најголемата црква во Прилеп, „Свето Благовештение“ денеска беше одбележан празникот Три светители кој што е патрон празник на бакалскиот еснаф во Прилеп, еден од најбројните прилепски еснафи. Празникот е посветен на Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Овој ден во Прилеп го викаат и уште Денот на бакалите.

Домаќин годинава е истиот од лани, Кирил Јандреовски. Домаќин за идната година е Пеце Гелевски, поранешен бакал кој сака да ја продолжи традицијата.

Инаку оваа традиција кај бакалите во Прилеп постои од 1954 година. Прво домаќинот лично ги кани бакалите од градот и оди кај секого од куќа на куќа и од дуќан на дуќан, денеска празникот се одбележува со Литургија, а после црковната литургија се даваше трпеза манастирот Св.Петка, во с.Лениште.

Постарите бакали велат дека имало и години кога скришно ја правеле оваа традиција за време на Југославија, но таа никогаш не прекинала.

Во моментов во Прилеп како најстар жив бакал се смета Мирослав Попоски – Попо. Инаку ваква уникатна бакалска традиција нема во ниту еден друг град во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи