Стотина македонски државјани заглавени во Украина, две семејства побарале помош

Стотина македонски државјани се уште се заглавени во Украина. Според македонскиот амбасадор во Украина излезот од Киев моментално бил премногу тежок и се чекаат инструкции како понатаму.

„Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се авкуираат граѓаните“, рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов во изјава за Телма.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека утрово две македонски семејства побарале помош од нашата амбасада во Киев за да ја напуштат земјата.

„И денеска имаме неколку граѓани кои што бараат документи за да ја напуштат земјата, иако ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати. Две семејства биле во нашата амбасада и барале одредени документи. Дипломатите ќе најдат начин да помогнат се дека имаат можност“, рече Османи во изјава за Канал 5.

Османи истакна дека ситуацијата се следи со загриженост и подетално ќе биде разгледана на денешната итна седница на Влада.

Во Украина е прогласена воена состојба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи