Во Крушево се работи на расчистување на снегот и безбеден пристап во центарот на градот

Снежните врнежи продолжуваат и денес, па така и ЈП „Комуна“ Крушево работи на расчистување на улиците и овозможување на безбедно движење.

Со ровокопач се расчистуваат поголемите улици во град Крушево, а во центарот на градот, се чистат скалите кои водат од градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ до градскиот парк.

„Продолжуваме и денес со работа затоа што снегот врне од утрово. Улиците се проодни и тековно се чистат, а се оспособува пристапот во центарот на градот. Сите пријави и информации граѓаните да ги доставуваат до нас.“, изјави ВД директорката на ЈП „ Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Сите информации, барања и поплаки доставувајте ги преку телефонскиот број048 477 169, електронската пошта komunakrusevo@yahoo.com или во порака на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи