Спасувачки тим составен од Дирекцијата за заштита и спасување, Тимот од Прилеп за заштита и спасување од високи објекти, Тимот за спасување на вода од Велес, Министерство за внатрешни работи, Погранична полиција Старавина подрачно Витолиште, Центар за управување со кризи, ТППЕ Прилеп и Спасителна служба „Златоврв“ вчера изведоа крајно опасна и ризична операција за пронаоѓање на малиот со чамец по дел од течението на реката Црна .
Но за жал и оваа акција беше безуспешна, 10 годишниот Петар Џобески не се пронајде. Потрагата ќе продолжи и наредните денови.
Погледнете како изгледаше оваа потрага по Црна.