Диви депонии на сите страни, ѓубре кое лета од камионите за собирање смет, неисчистени канали


Жителите на селото Лагово и околните викендици се жалат дека целиот овој реон е буквално затрупан со диви депонии кои ги прават несовесните граѓани. Бараат ЈКП „Комуналец“ да им го исчисти теренот, но исто така бараат и казни и повеќе активност од страна на инспекторатот за сторителите. Се пожалија и на неисчистените канали покрај патот Прилеп-Лагово, а за дел од ѓубрето кое е расфрлано на сите страни ги обвинуваат и камионите на Комуналец кои носат смет без да се покриени со церада.

„Живееме затрупани од сите страни во смет и ѓубре. Секој кој ќе стигне отпадот го фрла во оваа околина. Потребно е чистење од страна на Комуналец, ама исто и инспекторите да пишуваат повеќе казни, а не само да седат во канцеларија. Исто така Комуналец треба да си ги покрива камионите за смет кога одат да носат ѓубре на депонија, затоа што огромен дел од тоа ѓубре, кога дува ветар, лета од камионите бидејќи не се покриени со церада и завршува во нивите. Зошто покривањето со церада да важи за другите возила, а не и за тие на Комуналец? Бараме и чистење на каналите покрај патот. Последен пат се чистени пред 20 години. Комплетно се затрупани, смрдат, а кога има поголем дожд постојано има поплави“, се пожалија жителите на Лагово до нашата редакција и ни доставија и фотографии од теренот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи