Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март Денот на жената, денес го организира шестиот Марш за женски права под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.
„На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок! Општество во кое жените се сиромашни и лишени од своите права е општество кое е сиромашно!“, велат организаторите.