Јовески: „Пајакот“ во Прилеп моментално е во дефект, а тој единствено фунционира ако го повикаат од полиција


Единственото „Пајак“ возило во Прилеп, кое е под надлежност на ЈП за ПУП, моментално има мал дефект, кој се очекува да биде отстранет овие денови, ова за Инфо Компас го истакна в.д. директорот на ЈП за ПУП, Зоран Јовески. На прашањето дека голем број граѓани реагираат зошто „Пајак возилото“ го нема како порано низ прилепските улици, тој истака дека единствено надлежност да подигнува непрописно паркирани возила имала полицијата.

„Моментално имаме мал технички дефект на „Пајак возилото“ кој ќе се отстрани за многу брзо. Инаку ЈП за ПУП нема надлежност да подигнува криво паркирани возила. Таа надлежнст ја има единствено ОВР Прилеп. Така што доколку полицијата ни се јави и не повика ние веднаш излегуваме на терен, како со „Пајак“ возилото, така и со поставување на блокатори на возилата. Во овој момент ЈП за ПУП единствено без одобрение на полицијата со „Пајакот“ може да подигне непрописно паркирано возило само од паркинзите со кои стопанисува ова јавно претпријатие. Но и таму гледаме тоа да не го решаваме со „Пајак“ или блокатори туку со налепници за доплата. Односно ако некој платил паркирање за еден час, а останал повеќе од тоа време, му се лепи налепница за да си доплати за времето за кое останал повеќе на паркингот“, вели Зоран Јовески, в.д. директорот на ЈП за ПУП.

Одговор побаравме и од СВР Битола за тоа дека граѓанитет реагираат дека со месеци немаат видено „Пајак служба“ во Прилеп, а хаосот со паркирањето секој ден се зголемува се повеќе. Од СВР Битола истакнаа дека во моментов „Пајакот“ во Прилеп бил во дефект, но дека соработката не била намалена со ЈП за ПУП и дека продолжувала и понатаму. Демантираат дека „Пајакот“ сега функционира помалку за разлика од порано.

Инаку бројот на непрописно паркираните возила во Прилеп секој ден се зголемува се повеќе и повеќе, така што очигледно е дека треба поголема ангажираност и координираност на сите вклучени страни и институции, за да се воведе ред со сообраќајот во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи