На 09.03.2022 на ул.„11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници на ОВР Прилеп лишен е од слобода Д.С.(34) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени две пакувања со бела грутчеста материја – амфетамин.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.