Јада: Професионалниот спортски живот бара голема жртва, со месеци не се гледам со најблиските, но од срце го сакам ова


Зад мене оставив уште една Олимпијада, светски куп во нордиско трчање, одлични ФИС трки на балкански купови, задоволен сум од досега постигнатото но сето ова немаше да се оствари без професионализам, вели за Инфо Компас, Ставре Јада, после средувањето на впечатоците откако се врати од Пекинг.

Професионалниот спортски живот и не е така лесен како што може да изгледа, јас на своја кожа го трпам тоа, но го трпам затоа што го сакам спортот. Професионалниот живот е едноставно откажување од многу работи: на пример: не сум излегол во ноќен клуб, не ги сакам гласните музики, од 365 дена во годината јас со моите домашни мајка татко сестра сум само 50-60 дена, односно 300 дена сум по припреми, трки, тоа не е лесно ни малку, со другари сум излегол неколку пати, постојано сум надвор од мојот град Крушево кој веќе почнува да ми фали. За да се успее во спортот мора да се жртвуваат овие работи“, вели Јада.

Јада вели сето ова со задоволство го кажува пред јавноста. Од оваа сезона му останувало уште малку, а потоа оди на мал заслужен одмор  и подготовки за новата сезона.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи