На 49-тото издание на најстариот меѓународен реномиран светски фестивал на деветтата уметност во Ангулем, Франција, кој се одржува од 17 до 20 март е селектирано и изложено изданието на Центарот за Визуелни уметности “Визант“: „Живот у Боливуду“.
Станува збор за балканска стрип – пародија на популарниот италијански стрип херој Загор. На 88 страни се поместени бајколики стрип видувања на Данило Милошев Восток, Александар Зограф, Микица Ивановиќ, Грубанов, Деда Зира, Сале Михајловиќ Раѓа, како и македонските автори Горан Дачев и Златко Крстевски.
Стрипот е дел од групна „хем сесија“ во Белград, како и неколку стрип работилници. Изданието на „Визант“ беше промовирано и во 2018 во стрип фестивалот „Frame“ во Прага, Чешка.
https://www.facebook.com/ActuaBD/photos/a.10151365645138877/10158996571858877/