13 медали за ЏК Сеишин од Прилеп на Државното првенство во Кавадарци


Денеска во Кавадарци се одржа Државно Првенство во џудо за Јуниори-ки, со кое се започна сезоната за џудо натпревари на домашната сцена. Џудо Клубот Сеишин Прилеп на ова првенство зеде учество со вкупно 19 натпреварувачи во машка и женска конкуренција (што беше со најмасовен број натпреварувачи воопшто на првенството). Членовите на Сеишин освоија вкупно 13 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени.

Резултати поединечно:

Јуниорки:

  1. Теодора Димеска – 1 во место
    2. Теа Настоска – 3 место
    3. Кристина Мантароска – 2 место
    4. Изабела Кузева – 3 место
    5. Мартина Јанкоска – 2 место
    6. Елеонора Илипска – 3 место

Јуниори:

  1. Јован Најдоски – 1 во место
    2. Валентин Димитриоски – 2 место
    3. Никола Магдески – 3 место
    4. Стефан Талески – 3 место
    5. Антонио Талески – 3 место
    6. Андреј Сотироски – 3 место
    7. Мартин Трајановски – 3 место

„Стручниот тим од клубот е задоволен од освоените резултати со напомена дека учинокот можеше да биде и подобар односно неколку членови имаа шанси да бидат повисоко рангирани меѓутоа одредени технички грешки придонесоа за самиот краен резултат. Џудо Клубот Сеишин Прилеп, во периодот што претстои продолжува со интензивни припреми и тренинзи бидејќи календарот со активности како на домашна така и на меѓународна сцена ќе биде со доста набиена агенда“, истакна Дејан Мицкоски, главен тренер во ЏК Сеишин ПРИЛЕП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи