ВИДЕО – Ковачевски: Кога со Бугарија ќе имаме документ прифатлив и за двете страни тој ќе биде објавен


Со Република Бугарија ние воспоставивме еден нов процес на комуникација, процес кој треба да ја зголеми довербата и треба да ја зголеми соработката не само на политичарите и на ниво на министри, туку и на општествата во целина и гледате дека се формираа работни групи на полето на економијата, на полето на инфраструктурата, образованието, европските интеграции и тие работни групи работат и веќе имаат одредени резултати на ниво на работни групи, истакна денеска во Прилеп премиерот Димитар Ковачесвки.

Веќе се одржаа работни конференции помеѓу универзитети од двете држави, а исто така и стопанските комори ја почнаа својата соработка. Веќе има и конкретни резултати во зголемување на транспортните квоти помеѓу двете држави и во однос на инфраструктурни проекти за прекугранично поврзување. Од тој аспект сметам дека соработката со Република Бугарија е унапредена во однос на периодот претходно и исто така, граѓаните тоа го знаат, при воената агресија што Русија ја изврши во Украина дека во евакуацијата на нашите граѓани кои беа затекнати во Украина, а кои не ја напуштија земјата навреме иако беа упатени повици од страна на Министерството за надворешни работи во периодот пред да почне воената агресија, во нивното евакуирање голем удел имаше и Министерството за надворешни работи на Бугарија, бидејќи тие имаат големо малцинство таму во бројка од пола милион жители и при евакуацијата на нивните граѓани тие истото тоа го понудија и го организираа и за нашите граѓани. Во однос на односите со Република Бугарија и за другите прашања, тие се водат на ниво на министерства за надворешни работи и кога ќе има одредени резултати, односно документ кој ќе биде прифатлив за двете страни тој ќе биде споделен и со институциите и со јавноста“, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека дека нивото на комуникација помеѓу официјалните политичари и помеѓу официјалните институции е унапредено и се одвивало на ниво на европски вредности.

„Меѓутоа секогаш постојат помали маргинализирани групи и поединци кои што сакаат тие односи да ги направат полоши и чија политичка агенда единствено се заснова на лоши односи со соседите. Јас сум против тоа, Владата е против тоа и Владата во Република Бугарија е против тоа, така да сметам дека соседните држави треба да соработуваат помеѓу себе на сите полиња, а особено оваа криза, оваа воена агресија која што Русија ја изврши во Украина покажа дека Европа мора да биде обединета, треба да биде силна, а тоа секако треба прво да се направи со соседните држави“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи