Ковачевски: Ќе се разгледа можноста како државата да помогне во искачувањето на Шангајската листа


Во однос на Шангајската листа, сите универзитети кои што се евалуираат врз основа на стандардите на независното тело за оценување на универзитетите, универзитетите во нашата држава се независни во однос на спроведувањето на своите образовни и истражувачки политики и секако дека од критериумите врз основа на кои се прави оценувањето и од тоа што имаат сите универзитети поединечно направено, зависи и рангирањето на самата Шангајска листа, истакна премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто УКИМ се наоѓа на 1944 место од 2000 на Шангајската листа.

„Во однос на тоа дали државата може да помогне, да државата може да помогне, јас доаѓам од академската сфера и секако дека ќе одржам состанок со ректорот на универзитетот „Кирил и Методиј“, со кого подолго време се познаваме за да видиме што е тоа што унверзитетот, односно универзитетите, бидејќи нашата држава има повеќе државни универзитети, може да направи, а што е тоа што самите универзитети можат да направат во унапредувањето на работењето, истражувањето и секако во искачувањето во Шангајската листа и дополнително да станат место во кое ќе се образуваат студенти не само од Република Северна Македонија, туку и студенти од странство, бидејќи трендот во високото образование е глобализирање на високото образование. Вие гледате дека голем број наши талентирани студенти одат во универзитети во светот и секако дека напорот на нашата држава и на сите вклучени во сферата на образованието, посебно  во високото образование треба да биде да странски студенти доаѓаат и се школуваат во универзитетите во нашата држава“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи