Мариово заборавено од сите – Пејо се врати во родниот крај


Пејо се врати кај своите и ја посети најненаселената област во Европа, Мариово, кое е комплетно заборавена од сите институции со години наназад. Таму функционерите одат само кога треба да има избори за да добијат по некој глас од преостанатите жители кои секој ден ги има се помалку и помалку.

Жителите на селото Витолиште велат дека во Мариово ништо повеќе не функционира. Фирмите кои постоеле одамна се затворени, народот се иселил, детскиот глас одамна се нема слушнато низ сокаците, а во црквата веќе заборавиле кога последен пат имало свадба или крштевка.

Нема училишта, пошта, лекар… единствена државна институција е само полицијата. Се пожалија и дека се случува со денови да немаат струја поради старата и дотраена мрежа која исто така никој со години не сака да ја поправи.

Но и покрај сите потешкотии кои постојат Пејо поразговара и со некои од последните херои и борци за да животот повторно се врати во Мариово. Еден од нив е 48 годишниот Спасе Чакрески, кој им пркоси на сите состојби и се уште живее во Витолиште и го произведува најубавото биено сирење од кравјо млеко и тоа по стар оригинален рецепт.

Пејо се сретна и со Тренчо Димитриоски, истражувач и писател, по потекло од селото Крушевица, кој огромен дел од својот живот го има посветено на истражување на културата и историјата на Мариово и сето тоа го има пренесено во големиот број книги кои ги има издадено.

За тоа каква е моменталната состојба во Мариово и дали има надеж да се врати животот таму погледнете го ова навистина интересно видео со Пејо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи