Заполшки мост кој се наоѓа на само околу еден километар од излезот на Прилеп на патот Прилеп-Градско со години наликува како сцена од некој хорор филм. Металната ограда на мостот е урната и тој претставува вистинска опасност за возачите кои велат дека ова е срамота за една држава затоа што тоа се минимални средства што треба да се одделат за да се постави нова.
Што е уште потрагично по истиот тој пат со години доаѓаат во Прилеп министри, премиери, претседатели, па револтираните возачи велат нека погледнат барем еднаш на мостот во каква состојба се наоѓа и прашуваат дали некој треба да загине за да се уреди оградата.
По тој пат скоро секој ден поминуваат со години и прилепските пратеници, но засега никој поактивно не се ангажирал околу овој проблем.