Борачките на „7 Мај“ Прилеп ќе настапат на меѓународниот турнир „Динко Петров“ во Стара Загора


Дел од женската екипа на Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп кои престојуваат на подготвоки во Стара Загора, Бугарија, викендов ќе настапат на Меѓународниот турнир за деца и девојчиња „Динко Петров“.

На турнирот ќе настапат:  Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска, Деспина Богеска, Анабела Стојаноска и Елена Дејкоска под раководство на тренерите Теодор Темелковски и Стојанчо Тушески.

Вечерва се мерењето и жребувањето со почеток во 17:00 часот.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи