ВИДЕО – Иконите и фрескоживописите од 19 век во прилепско и околината се во катастрофална состојба, потребна е итна заштита


Состојбата на иконите, а особено на фрескоживописите кои потекнуваат од 19 век, во Прилеп, Крушево, Мариово, Долнени и Кривогаштани е катастрофална. Ова го пожала реевиденцијата на црквите од овој крај на Заводот и Музеј Прилеп. Вкупно биле посетени 134, а евидентирани 154 цркви. Тука не спаѓаат новоизградените цркви и манастири. Црквите потекнувале од 12 до 19 век. Досега повеќе внимание се посветувало на заштита на иконите и фреските до 17 век, а додека 19 век бил малку подзаборавен, но многу важен затоа што ги носел поствизантиските корени од 18 век.

„Сега во моментов треба да се посвети поголемо внимание на 19 век затоа што е богатство кое треба да се заштити и во кој период работат доста добри зографи мајстори кои ги работат и иконите и фреските. Најголем дел од црквите се одржуваат во селата, затоа што црковните одбори се грижат за самите цркви. Иако селата се напуштени сепак црковните одбори знаат да си ги одржуваат црквите, а има села и каде што воопшто не се посветува внимание ниту на црквите, ниту на иконите, ниту на фреските, страшна е состојбата таму“, вели Мимоза Христоска, виш кустос, историчар на уметност при Завод и Музеј Прилеп.

Во последните неколку години кражбите на икони биле сведени на минимум. И да се случел грабеж во неков црковен храм во селските средини од таму се краделе пари и други предмети, а не и икони. Но експертите препорачуваат дека мора под итно да се посвети поголемо внимание на заштита на нашето културно богатство без разлика од кој век и период тоа потекнува. И тоа освен Министерството за култура морала да го прави и МПЦ како и самите мештани во руралните средини каде се наоѓаат овие вредни икони и фрескоживописи.

„Треба да се посвети внимание, не само од Министерството за култура, не само од Заводот и Музеј, кога се излегува на терен му држиме често пати обуки на самите црковни одбори како треба да се грижат за црквата и ние им стоиме секогаш на располагање како музеј да не контактираат ако имаат некој проблем. Музејот секогаш не е во можност да ги санира секои помали проблеми, како течење на кров, промена на јолук, да се направи дренажа на црквите и слично. Затоа треба да бидеме во една корелација, црковните одбори, црквата, свештениците и музејот. Ако на тој начин се функционира нема да има проблем со црквите и тие ќе бидат заштитени“, додаде Христоска.

Сега ќе се сублимирал целиот материјал од реевиденцијата, ќе се направела публикција за интерена употреба на музејот која ќе се допставела и до царината и полицијата за заштита на нашето наследство. Ќе се направела листа на приоритетнии цркви кои треба да се заштитат и кои од нив да се прогласат за споменици на културата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи