5 медали за ЏК Санкаку од Прилеп на државното првенство во џудо за помлади пионери и пионерки


Денеска во Струга се одржаа државни првенства во џудо за помлади пионери-ки и сениори-ки. На овие натпреварувања настапија околу 200 натпреварувачи од клубовите од Македонија. Џудо клубот Санкаку – Прилеп зеде учество со вкупно 8 натпреварувачи во машка и женска конкуренција во помлади пионери-ки. Освоени се вкупно 5 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.

Резултати поединечно:

Помлади пионери:

  • Ратко Ацески 1-во место
  • Марко Ацески 2 ро место
  • Марио Конески 3-то место

Помлади пионерки:

  • Софија Ѓорѓиеска 1- во место
  • Матеја Николоска 2-ро место

„Добри борби покажаа и Ксенија Илиоска, Петар Велјаноски и Ване Ацески, но не успеаја да освојат место на пиедесталот. ЏК Санкаку Прилеп е задоволен со остварените резултати како еден од најмладите клубови покажа дека своите млади кадри ќе имаат успешни резултати понатаму“, велат од клубот Санкаку.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи