ВИДЕО – Тунески: Стереотип е дека младите членуваат во партија само за да се вработат во администрација, ќе донесеме проекти за младите да останат тука


Ми претставува особена чест како новоизбран претседател на Унијата на млади сили на ОК на ВМРО—ДПМНЕ  Прилеп и во името на целата Унија да упатам отворена покана како до сите млади во Прилеп така и до сите во Македонија да дојдат на прославата на најсилниот политички подмладок на Македонија а тоа е УМС, истакна на денешната прес конфереција претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп, Христијан Тунески.

„Прославата ќе се одржи утре во домот за култура „Марко Цепенков“ во големата сала со почеток во 19 часот. Вреди да се напомене дека на овој настан ќе биде презентирана стратегијата за млади изработена од УМС, а насловена како „Визија за победи, шанса за промени“. Ова еваква прва стратегија изработена од некој политички подмладок од осамостојувањето на Македонија, младите се секогаш на страната на оној кој придонесува за нив“, додаде Тунески.

============

Тунески потоа одговараше и низа новинарски прашања.

Конкретно како ќе ја подобрите ситуацијата на младите во Прилеп?

Наскоро се очекува формирање на Младинскиот Совет при Општина Прилеп, кој ќе биде врска со градоначалникот, кој би требало да започне да работи на подобрување на стандардите на младите преку органзирање на културни, спортски настани и други разни манифестации, како и поддршка на локланата самоуправа да ги поддржи сите тие идеи кои ќе произлезат од Младинскиот совет и воопшто од сите млади од Општина Прилеп кои ќе придонесат за неговата работа.

Дали досега не постоеше таков Младински совет?

Тој Младински совет постоеше само на хартија, не работеше, сега треба да се реоформи со назначувањето на Советникот за млади во локалната самоуправа.

Сметате ли дека ќе се стопира миграцијата со формирањето на тој Младински совет и кои чекори ќе ги преземе тој Совет?

Не е возможно така  да се стопира наеднаш миграцијата, но секој почеток е тежок, мора да се започне од некаде, да се започне да се подобрува животот и стандардот на младите не само во Прилеп туку и во цела Македонија. А идејата е преку такви организации или преку подмладоците на политичките партии да се работи во интерес на младите, бидејќи сме сведоци на еден тотален крах на културата во нашиот град, што поради пандемијата, што поради други настани, да се трудиме да ја вратиме на високо ниво онака како што доликува за Прилеп и преку такви работи да ги задржиме младите тука, а не да бараат решение надвор од земјата.

Дали сметаш дека младите ги гледаат партиите како Биро за вработување? Дали тие влегуваат во партија поради идеологија или за да се вработат? Конкретно еве за ВМРО-ДПМНЕ?

Владее еден стереотип во изминативе години дека сите членови  се таму за вработување, јас сметам дека  младите кај нас се дојдени пред се од идеолошки аспект и за дружба. Ние сме Унија на малди сили каде треба да преовладува држбата, треба да преовладуваат проектите кои ќе бидат од млади за млади и секако низ тие процеси некои од нас можеби ќе израснат и во политичари кои се надеваме дека ќе ја подобрат ситуацијата во државава на подобро.

А партиските вработувања ?

Партиските вработувања не би ги коментира.

Зошто еден млад човек би сакал да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ, ако не е за вработувањето, за што се зачленува, која е причината ?

Според статутот на ВМРО-ДПМНЕ младите кај нас може да бидат членови од 16 до 29 години, толку е страросната граница на УМС.  Конкретно имаме многу млади членови и јас не верувам дека тие на свои 17 години би размислувале веднаш за вработивање, во нив гледам чиста желба за дружба и работа, вакви манифестации на кои ќе се промовираат стратегии за младите кои ќе придонесат за наше добро.

Зошто доаѓаат во ВМРО, која е идеологијата, објасни ја, зошто младите сакаат да бидат ваши членови?

Прво не ја гледаме идеологијата стриктно како на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се знае идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е зачувувањето на македонските национални интереси, но сето тоа се повисоки политики кои според мене како млад лидер не треба толку да ги тангираат младите колку што треба да ги тангира дружбата, ваквите проекти, ваквите настани и сето тоа што би ги привлекло да бидат членови на било која политичка партија.

Конкретно еве зошто ти си член на ВМРО-ДПМНЕ, зошто си лидер?

Значи се зачленив на кои 17 години, конкретно од желба да членувам прво поради корените на моето семејство, тргнувајќи од таму, па потоа да променам нешто во општеството. После 4 години работа во Унијата на млади сили видов како функционира тоа, ми се допадна процесот на работа и решив да се кандидирам за претседател конкретно на општинскиот комитет во Прилеп. Избран сум за претседател, некои работи што досега сметав дека можеа да се одвиваат поинаку еве сега би ги променил, па да се надеваме во наредните 4 години на многу подобри резултати.

Кој е Христијан Тунески?

Јас сум Христијан Тунески, студент на Педагошкиот студент во Битола на насоката Македонски јазик и книжевност. Имам 21 година, претседател на Унијата на млади сили во Прилеп.

Дали имаш некакво работно искуство?

Во моментов сум вработен во локалната самоуправа во Прилеп како веб администратор.

Спомнуваш многу проекти, наброј 3 проекти за тоа како ќе се подобри живеењето на младите во Прилеп и што беше тоа досега што ви недостасуваше во Унија на млади сили, што е тоа што ќе го надоградиш?

Конкретно за проектите, тие би започнале со реализација и со идеја нормално со оформувањето на Младинскиот совет. Како Унија на млади сили ние имаме план и програма за работа, може слободно да ја посетите нашата фан страна, секој месец имаме тековни активности, дали турнири, дали забави, следење на натпревари, имаме доста активности.

Не сметав ништо конкретно дека недостасува, туку некој конкретен начин на работа кој јас мислам дека мене би ми ја олеснил работата, а тоа е имплементација на што повеќе млади во структурите на партијата, а не само да се гледа широкото членство. Мене би ми ја олеснило работата со една маса на млади луѓе со кои би ми било полесно да стапам во контакт и да им посветам повеќе внимание.

За забава требаат пари, како економски ќе се подобри ситуацијата на младите во Прилеп?

Таков конкретен план за стриктно подобрување од нас како Унија на млади сили да се подобри животот и стандардот на младите во Прилеп немаме, но сепак како Унија на млади сили ние стоиме на располагање на секаков вид проекти, обуки, семинари преку кои младите можат нешто да научат, да им се пренесе и да се мотивираат својата иднина да ја гледаат овде и да учат и работат овде во Прилеп или во Македонија, битно да се остане тука.

Како да останат, дали тебе не ти забележуваат, прв дојде како претседател и прв се вработи во Општина? Што им велиш на твоите сопартијци околу вработувањата и како да им кажеш на тие околу тебе да не гледаат надеж за вработување во јавна администрација и да не го гледаат првиот воз за Германија?

Да ве исправам, јас не се вработив во Општина откако станав претседател, туку претходно. Во Општина се вработив по други околности, не заради тоа што станав претседател. Како што изјавив и претходно, постои еден голем стереотип кога се во прашање политичките партии во Македонија, нивните подмладоци и сето она што е поврзано со нив, со јавната администрација, затоа јас искрено се надевам, јас од оваа позиција како претседател на младина на политичка партија не можам ништо конкретно да сменам во тој поглед, но можам да поддржувам такви настани да собираме што повеќе деца, да ги промовираме тие настани и преку нив да се мотивираат и да останат тука во нашата општина.

Како ќе ги урните тие стереотипи цело време што ги зборуваш, да не се вработуваат во локалната самоуправа, зошто не си отвори фирма за веб дизајнер или тоа што го знаеш, туку отиде во локалната самоуправа? Како ќе се мотивира некој како тебе, или зад тебе или илјадници како тебе наместо да одат во локалната самоуправа да си отворат фирма и да не одат во странство?

Тоа е веќе малку лично прашање за секој млад човек во Прилеп што ќе одлучи што би работел во иднина. Како би ги стимулирале, јас пак ќе речам дека од оваа моја позиција навистина не знам. Тој стереотип е граден од осамостојувањето, не е од вчера па да го урниме за 24 часа. Ние работиме на тоа, се трудиме да ги привлечеме младите не преку партиски вработувања, туку преку дружби, спортски, културни настани, манифестации. Еве ова е една голема чест за нас што ќе се одржи една ваква голема манифестација во Прилеп, ова е прилика да привлечеме што повеќе млади, да видат дека нешто се случува и да се подобрува целата ситуација.

Што пишува во таа стратегија, има ли некој план?

Стратегијата не е уште излезена никаде, утре ќе биде промовирана официјално.

Вие какви предлози дадовте, што да се прави со таа стратегија, кои се тие чекори, да се вработуваат млади во приватни компании, да се направи измена на некој закон, да се направи некоја стратегија или притисок, да се дадат олеснителни старт-ап кредити, да се дадат шанси за отворање на бизнис, што ќе правите вие? Еве јас сум 18 годишна девојка и доаѓам кај вас, што вие како ВМРО-ДПМНЕ ќе ми понудите мене, како ќе делувате, таа стратегија да ми ја објасниш и како ќе ги натерате младите да не си одат, брачните парови да раѓаат деца, вие сте тие креатори на притисок врз локалната, врз државата, промена на терковите, кои се тие стратегии што ќе ги правите?

Страгијата и јас искрено се уште не ја знам, ја немам видено, не е испромовирана, но од тоа што се работело, таа е работена со години наназад откако е назначен сегашиот претседател на Унијата во цела држава. Конкретно се опфатени сите сфери на млади луѓе, почнувајќи од средношколци па се до студенти и нагоре. Јас колку што знам во стратегијата има за стипендирани, за надарени ученици, за студенти кои дипломираат на дефицитарните струки, поддршка на спортски работници, културни работници, млади уметници кои шансата ја гледаат тука и поддршка би побарале од Општината или државата, значи во таа насока би се одвивала стратегијата.

Рече дека ти преставува чест и гордост што ќе бидете домаќини на тој собир на сите млади од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Дали можеби со тоа уште повеќе се гордееш, не знам дали знаеш дека некогаш некој овде направил прв конкрес на ВМРО-ДПМНЕ во истата сала вие каде што ќе бидете?

На истата сцена, на истиот ден е формирана Унијата на млади сили, на 6 април 1991 година, меѓутоа секако тоа е вметнато во програмата и таа симболика утре ќе се испочитува.

Планирате и понатаму вакви средби со медиумите, затоа што имавте прес конференции на кои сами си се снимавте, сами почнавте да праќате материјали, ние почнавме да не ги објавуваме и нема да ги објавуваме доколку не бидеме поканети?

Секогаш новинарите ќе бидат поканети на секаков настан на Унијата на млади сили, почнувајќи од денеска. Ова е прво мое јавно излегување откако сум назначен како претседател, се поклопи со покана за роденденот, мене тоа ми е драго и апсолутно во иднина новинарите ќе бидат секаде поканети на сите настани што ќе ги организира Унијата на млади сили.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи