На 04.04.2022 во село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода Е.А.(41) и И.Џ.(23), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на бесправна сеча на огревни дрва од туѓа шума.
Кај нив биле пронајдени 2.1 кубни метри дабови огревни дрва кои им биле одземени. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик.