Санкционирани 170 пешаци кои ги прекршиле правилата во сообраќајот

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на целата држава беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 170 мерки, меѓу кои 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 25 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци итн. За време на контролата регистрирани се и 89 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи