20 години затвор за џудо тренерот од Прилеп обвинет за обљуба на малолетнички

47 годишниот џудо тренер од Прилеп Рубин Пеески доби  20 години казна затвор за обљуба на 4 малолетни девојчиња кои биле членки на неговиот клуб и тој ги тренирал. Според Основиот суд во Прилеп Пеески е обвинет за извршување на друго полово дејствие, односно тој не извршил сексуален чин врз малолетничките, кои наполниле 14 години, туку пред и по тренинзите тој се дружел со децата и за време на тие дружби тој ги гушкал, бакнувал и ги допирал децата на интимните и полови органи. Овие дејствија се извршувале во текот на повеќе месеци во 2020 година, а јавноста за овој грозоморен чин дозна откако еден од родителите на децата го пријави случајот во полиција, а потоа се охрабрија и други ученички кои ги потврдија случаите на злоупотреба.

Портпарлот на Основниот суд Прилеп, Жарко Велески, истакна декаПеески е осуден за 2 продолжени кривични дела, обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со члена 45 став 1 од казнениот законик. И за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска состав 1 од казнениот законик.

Инаку судијата Велески истакна дека ова е една од најголемите казни што досега ја изрекол Основниот суд во Прилеп, односно втора според висината. Највисоката изречена казна во Прилеп е казната доживотен затворе која ја доби еден 52 годишен прилепчанец кој исто во 2020 година изврши двојно убиство, односно ги уби неговата сопруга и нејзината мајка на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп.

Од судот истакнаа дека не можат да изнесуваат повеќе детали околу овој случај затоа што станувало збор за крајно чувствителна материја поради малолетниците.

Инаку освен казната затвор Основниот суд во Прилеп на Пеески му изрече и забрана за вршење на оваа дејност во траење од 10 години. Инаку неколку месеци пред да се случи овој скандал Џудо Федерацијата на Македонија го исклучи Пеески и неговиот клуб од неа поради тоа што тој не се придржувал до одредени протоколи во Федерацијата. Откако пак изби скандалот на Пеески му беше одземена и лиценцата за работа од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи