На 6ти и 7ми Април во 1991та година, токму овде во Прилеп, се одржал првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. На кој е донесена одлуката за создавање на Унијата на млади сили. Во таа историска 1991ва година, кога македонскиот народ зачекори по патот на сопствената независност и државност, Унијата на млади сили започнала со своето постоење и веќе 31 година го чуваи негува идеалот за напредна, независна и успешна Македонијa, ова вечерва во Прилеп го истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на одбележувањето на 31 годишнината од формирањето на УМС.
„Ситуацијата во која денес се наоѓа Македонија и ја доверува на Унијата на млади сили најтешката задача во своето триесет и едно годишно постоење. Катастрофалното владеење на нашиот политички опонент во изминативе пет години, предизвика вистинска серија на порази и дополнително ги забрза сите негативни процеси во македонското општество. Целосната сервилност во надворешната политика, продавањето на националните интереси, криминалните зделки, уништено правосудство се дел од највидливите проблеми со кои се соочува Македонија. Најголема последица од сите овие проблеми е младинското иселување, кое во изминативе пет години завзема апокалиптични размери по иднината на нашата Македонија. Уште еден фатален показател кој неодамна го добивме е дека од последниот попис во 2002 година до овој попис во 2021 година, младите се 170.000 помалку. Во последните 6 години со драстичен пораст на иселувањето на млади. Младите повеќе не остануваат во Македонија, не создаваат семејства и не се развиваат. Татковината Македонија веќе не е дом за своите деца и ова е поразително. Доколку македонското општество не зачекори во правилна насока, а неправдата остане пракса, во Македонија повеќе ќе нема млади, а со тоа се доведува во прашање и опстанокот на македонската држава“, рече Попов.
Попов рече дека водени од овие сериозни предизвици Унијата на млади сили во изминативе 2 години сериозно се зафатила со изработка на стратегија, која нудела шанса за промени. Оваа стратегија била изработена од членовите на Унијата на млади сили, а консултирана со голем број на експерти од разни области и била прва од ваков тип, изработена од еден политички подмладок.
„Унијата на млади сили како општествен чинител, почуствува историска одговорност да изработи еден ваков документ, кој согласно со одлуките на последниот 18ти конгрес, нуди придвижување на општествените процеси во насока на градење на здрава средина. Како и обединување на младите со цел конечно ставање на крај на сите негативни трендови. Целта на овој документ е младите да бидат во фокусот на државните институции. Младите да го добијат сето она кое го заслужуваат, а својата перспектива да ја гледаат исклучиво во Македонија. „Визијата за Победи“ е наслов кој го доделивме на стратегијата, а ова име содветствува со она што нам ни недоставуа, ПОБЕДИ и УСПЕСИ, бидејќи младите се веќе уморни од наметнатите порази“, рече Попов.
Во Визијата за победи во 13 сегменти биле обработени основните правци по кои институциите требало да постапат за младите во Македонија да зачекорат кон посветла иднина и подобар животен стандард.
„Стратегијата Визија за Победи предвидува, институциите во Македонија, конечно да бидат во функција на младите и да преставуваат столб во однос на нивното насочување и изнаоѓање. Исто така младите мораат да бидат дел од институциите, со што активно ќе учествуваат во носењето на одлуките, но и ќе стекнуваат значајни искуства со кои подоцна ќе бидат на висина на задачите и предизвиците. Визијата за победи екстензивно го обработи и економскиот дел, за кој сметаме дека е главен поттик за младинското иселување, во насока на изнаоѓање работни места, помош од државата при започнување на сопствени бизниси и кариерно пронаоѓање. Визијата за победи силно се зафати со образовните проблеми. Образованието во Македонија во изминативе години беше предмет на нецелосни и паушални реформи, кој надополнети со здравствената криза, преставуаа и сеуште претставуваат вистински крах на образовниот систем. Унијата на млади сили преку Визијата нуди широка општествена дебата со цел подобрување на образавонието, од основно до високо. Целта на оваа дебата е вклучување на сите релеватни чинители и изнаоѓање на најдобриот и најсоодветниот можен образовен систем, со што младите ќе стекнуваат квалитетни и применливи знаења, кои ќе ги пласираат на пазарот на трудот“, додаде Попов.