ВИДЕО – Мицкоски: Доста е од отстапки, во Европа не се оди обезличен, грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме


Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување за Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил, па сега играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019-та година, рече вечерва во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошло веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери. ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои владата ги опишува со реченица „ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет“, кажа Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи