Ковидот и при неговиот крај го зема својот данок. Во Прилеп драстично се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти на сите одделенија во болницата. Најмногу ги има на интерното одделене, хирургија и психијатриското одделение. Според стручните лица најверојатно причина за тоа е ковид 19, затоа што најголем дел од овие лица или имаат пост ковиди симптоми или за овие 2 години поради пандемијата не можеле да стигнат да се прегледаат за другите болести кои ги имаат.
„Во инфективното одделение имаме само 3 пациенти, од кој само 1 е на кислородна поддршпка, но затоа имаме 70 хоспитализирани пациенти по другите одделенија, што е навистина една голеам бројка која што сме ја немале во последните неколку години. И затоа и претходно напоменав дека покрај физичкото и менталното здравје и социјалниот живот, мислам дека сега последиците се одразуваат на работа на другите одделенија. Ова се пациенти кои можеби поминале ковид или не, не е потврдено, но си имале свои други претходни коморбидитети или пакк нови диијагнози кои сега се појавиле. Можно е ова да се последици и од ковидот и од тоа што дел од нив досега немале можност да си ги откријат тие коморбидитети, па сега доѓаат до израз како резултат на прележан ковид. Немаме соодветна анализа, но бројката укажува на тоа дека сега таму ќе се преслика работата во другите одделенија“, истакна Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.
Според директорката бројот на медицински персонал можел да се справи со овој нов бран на хоспитализации, но сепак признава дека кубурењето со кадар е долгогодишен проблем кој се уште не е затворен. Недостасувал кадар и кај специјалистите и кај медицинските сестри и болничари.
„Секогаш со медицинскиот персонал кубуриме со кадар, претежно со лекарите, но постепено се враќаат лекари специјалисти, се вратија две специјалисти на гинекологија, очекуваме да се вратат доктори од интерно, младите специјализанти кои ги испративме се уште е рано да се вратат, лани испративме 27 специјализанти и сега ќе почекаме 4 до 5 години да се вратат назад. Секаде недостасуваат лекари. Најкритично е на рентген, најмалку лекари имаме таму и не очекуваме да се вратат нови специјалисти и затоа ангажираме лекари од другите болници, доаѓа лекар од Битола, сега ќе доаѓа уште една докторка од Битола ии плус имаме докторка која доаѓа од Скопје. Значи тројца лекари имаме на рентген од другите болници. Имаме ангажирано вработени по договор на дело, годинава ги обновивме тиие договори, за што согласност ни дадоа и од министертсвото за финансии и од министерсвото за здравство. Ние контиинуирано бараме согласност за неопределено за овие луѓе, но досега немаме добиено таква согласност и затоа тие се ангажирании само по договор на дело. За мое лично задоволство тие согласности за договори на дело оваа година ни ги зголемија и така тие луѓе кои доаѓаа лани во најкриитичните времиња и кои немаа никаков паричен надоместок за она за кое доаѓаа иим дадовме договор на дело за оваа година“, додаде Смилеска.
Поради недостиг на лекари не функционира ниту Ургентниот центар во болницата, но од болницата се надеваат дека тој ќе биде ставен во функција кога Итната помош ќе се пренесе од сегашните простории, горе во болницата, но за тоа пред се морало да се изгради паркинг за зголемениот број пациенти.
„Ургентниот центар не фунционира, но планираме за скоро со преместувањето на на Итната помош кога ќе ја донесеме тука горе тој да профункционира. Тоа би се случило кога ќе се изгради нов паркинг простор, бидејќи со преселувањето на Итната помош ќе се зголеми и бројот на пациенти кои мора некаде да ги паркираат своите возила. Паркингот ќе биде кај котларата. Итната помош ќе функционира посебно, потоа од Итна помош пациентите ќе се пренасочуваат во Ургентниот центар, а од тука на другите оддленија“, рече Смилеска.
Кога сме пак кадарот на болницата интересно е да се напомене и тоа дека дел од вработените не плаќале партиципација кога ги корисителе услугите во болницата, за што е донесена и писмена наредба тоа да се спроведува.
„Официјално дека вработените не плаќале партиципација немав, но од соодветни гласини имав дојава дека некој можеби пробува да се изземе од плаќање на партиципација. Паралелно имавме и контрола од Фондот за здравство која што ни укажа на изричито почитување на законот дека вработените треба да плаќаат. И точно затоа не само што усно им кажав и писмено ги известив сите вработени дека тоа е законска обврска како сите пациенти така и вработените треба да се придржуваат кон законот“, вели Смилеска.
Инаку во мај се очекува конечно во прилепската болница да профункциионира и магнетната резонанца, која е веќе донесена и монтирана, а во тек била и постапка за модуларната болница како објект да ги добие сите потребнии документи за функционирање и во идинина тука да се премести некој друг оддел на болницата, се разгедувала можноста тоа да биде одделението за физикална терапија.