Тркалезна маса на тема „Дали личиме на ЕУ?“


Во соработка со проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“, како и локалното здружение за родова еднаквост „Еманципирана Жена“, Рурална Коалиција во Кичево одржа тркалезна маса на која што се иницираше дебата кои практики и механизми може да се применат во насока на унапредување на практикувањето, заштитата и мониторингот врз човековите права на локално ниво вклучувајќи ги тука и руралните средини

Како поттик за дебатата беше емитувањето на документарната емисија 8: „Родова еднаквост – улогата на жената во општеството„ снимена во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ“.

На дебатата преовладуваше ставот дека еднаквоста на локално ниво ја уживаат и мажите и жените и дека единствениот критериум врз основа на кој што треба да се прави разликата или селекцијата е способноста, капацитетите на личноста и способностите.

Сепак беше исто така нагласено дека потребни се унапредувања на системот кои ќе им овозможат и на младите девојки и жени да се надоградуваат како од аспект на мајки и родители, така и од аспект на градење на кариера и активен работен живот.

Институциналните механизми за заштита од дискриминација и понатаму остануваат непрепознаени на локално ниво, а исто така како една од бариерите кои што беа споменати беа традиционалните норми и стереотипи за улогата на жената во општеството, а беа наведени и разликите во платите за иста функција кои што повеќето ги увиделе во приватниот сектор меѓутоа сеуште никој не реагира и не превзема ништо за таквата состојба.

Флексибилноста, соработката, разбирањето на улогата на жената и во домот, но и на работното место, поддршката и од семејството но и од системот се единствениот начин за практикување на родовата еднаквост во секоја сфера на општественото живеење.

Ваквите тркалезни маси ќе се организираат во 12 различни градови, а истите се финансирани во рамките на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Автор: Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи