Изложбата „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски од денес во Ликовната галерија

Од вечерва, 8 април 2022 година од 19.00 часот, па во наредните две недели, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложбата – инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски.

Идејата за изложбата се надоврзува на претходните поставки на уметникот посветени на рециклирирањето.

„Ѕидната инсталација од отпадни дрва е основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици ја потенцираат и архитектонската концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори“, вели уметникот Атанасоски.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:

2015 – Скопје, Проект за урбана скулптура во простор, спонзорирана од Цементарница УСЈЕ. 2019 – Прилеп, Пејзажни знаци, Ликовен салон Марко Цепенков 2019 – Прилеп, Геолошки пресек , Нов културен бран 2020 -Скопје, Сеќавање за Сион, Галерија МКЦ

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ :

2016 – Прилеп, Годишна изложба на ДЛУП, Галерија при домот на културата 2017 – Скопје, SIAB VIII Студентско интернационално арт биенале, Галерија ФЛУ – Прилеп, Art Without borders Macedonian encounter, Галерија Борко Лазески 2018 – Скопје, Тема:НЕ, НУ Музеј на Македонија. – Прилеп, Интернационален скулпторски симпозиум “Мермер„ – Прилеп, Годишна изложба на ДЛУП, Галерија при домот на културата -Прилеп, Нови медиуми, Галерија Аче 2019 -New York, Personal ldentity Matter, Gallery MC -Куманово, Биенална изложба, Скулптури на новото време, Дом на културата – South Korea, Geumgang Nature Art Biennale, Cube 12x12x12+natur – Скопје, Not your toy, Галерија КО – РА 2020 -Скопје, Остен биенале на цртеж, Национална Галерија на Македонија, Чифте амам 2021 -Скопје, Уметноста на досадата, Резиденција на ЕУ во Македонија -Струмица, „Метаморфоза“ Несовршен простор 4, Europe house -South Korea, Geumgang Nature Art Biennale, Cube 12x12x12+natur

Изложбата финансиски е поддржана од Министерството за култура и е во годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2022.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи