На 30-ти и 31-ви јули во Крушево ќе се одржи бизнис саем на кој се очекува компании од Балканот и пошироко да го посетат Крушево. Саемот го организира агенцијата за маркетинг Еуростеп во соработка со општина Крушево.
„Стануваме препознатлива дестинација и веќе Крушево се препознава како туристички активно место каде што започнуваме и со организација на саеми. Ова е можност за локалниот бизнис сектор да оствари контакт за проширување на своите производи и услуги, но и Крушево да се промовира како дестинација за инвестирање“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по средбата со организаторите.
Средба за информирање на бизнис секторот од Крушево за бизнис саемот ќе се одржи во вторник, 19 април, во 11:00 часот во горната училишна зграда. Се покануваат сите претставници на бизнис секторот на оваа информативна средба за да се запознаат со концептот на организирање на саемот и воспоставување на комуникација со други домашни и странски компании.