Годишната сметка на ЈП „Комуна“ Крушево покажува зголемени приходи и намалени трошоци и тоа во период на инфлација.
На 10-тата седница на советот на општина Крушево се усвои годишната сметка на „Комуна“ која покажува позитивни резултати од аспект на наплата и од исполнување на побарувањата.
Приходите од вода во домаќинства во градот и населените места е зголемен за речиси 1 милион денари во 2021-ва година во споредба со 2020-та. Со исклучок на 3 населени места наплатата секаде се зголемува за вкупно да достигне пораст од 923 072 денари.
Од останатите приходи се забележува зголемување во делот на услугите за чистота, канализација и паркинг, додека благо намалување има во делот гробишта, приходи од пазар и други услуги. Севкупно приходите се намалени во споредба со 2020-та, но резултатот е позитивен затоа што намалувањето е всушност заради приходи од донација на контејнери, финансиска помош од владата и советот кои се прокнижија во 2021 година.
ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска пред советниците потенцира дека финансиското работење на претпријатието се подобрува, но факт е дека трошоците за струја со која се пумпа вода останува најголем проблем на претпријатието.
„Приходите се зголемуваат, а трошоците во време на инфлација се намалуваат со што нашите резултати се уште подобри. Годишната сметка покажува дека работиме домаќински, а поголемите приходи значат подобро извршување на услугите. Со советниците се согласивме дека трошоците за струја остануваат најголем проблем на претпријатието.“потенција Ефремова Трајкоска.